asd
ПочетнаВестиНајстудено и утрово во Берово со минус пет степени

Најстудено и утрово во Берово со минус пет степени

Најстудено утрово е во Берово -5, на Попова Шапка се измерени -4, Во Скопје -2, а над нулата е само во Охрид 1 и во Претор и Дебар со 3 степени, соопшти УХМР.

Најмногу дожд, пак, во изминатото деноноќие наврна во Лазарополе 15 литри на метар квадтарен.

Во текот на ноќта и утрово преовладува променливо облачно време. Дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во Пелагонија ветерот достигнува брзина над 50, во североисточните делови над 60, а наместа долж Повардарието над 70 km/h.

Врмето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Во текот на ноќта врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа особено во западните делови повремен снег ќе има и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка. Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје претежно облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, повремено пообилни. Преку денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе дува засилен северен ветер и ќе има услови во повисоките делови од котлината врнежите од дожд да преминат во снег со слаб интензитет. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ