asd
ПочетнаВестиНајстудено во Берово, најтопло утро во Гевгелија

Најстудено во Берово, најтопло утро во Гевгелија

Во Берово е измерена најниска температура ова утро – само 1 степен. Четири степени се евидентирани во Лазарополе, 5 во Крива Паланка и Битола, 6 во Скопје – Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, Маврови Анови, 7 во Прилеп, Дебар, Куманово, Велес, Попова Шапка, 8 во Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Претор, Крушево, Кавадарци, додека 9 во Виница, а 10 во Гевгелија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Од УХМР додаваат дека денеска нѐ очекува сончево и релативно топло време, со мала до умерена локална облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура, според најавите, ќе достигне од 22 до 28 степени.

Максималната температура во Скопје се очекува да достигне до 25 степени.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ