asd
ПочетнаВестиМакедонијаМВР: 12 лица не го почитувале полицискиот час, 408 казни за неносење...

МВР: 12 лица не го почитувале полицискиот час, 408 казни за неносење маска

Од вчера (10.03.2021) во 22 часот почна да се применува одлуката на Владата за ограничување на движењето на граѓаните во периодот до 05 часот наутро.

-Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Преземени се сите потребни активности контролата на ограничувањето на движењето да се спроведе согласно одлуката на Владата, информира МВР.

Од 22 часот (10.03.2021) до 05 часот (11.03.2021) констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак (10/11.03.2021)  по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

ИЗВОРКурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ