asd
ПочетнаВестиВо Европа одобрена вакцина: Данската „имванекс“ против мајмунски сипаници

Во Европа одобрена вакцина: Данската „имванекс“ против мајмунски сипаници

Данската биотехнолошка компанија „Баваријан нордил“ соопшти дека Европската комисија дозволила нејзината вакцина „имванекс“ да се пласира на пазарот како заштита од мајмунски сипаници, што пак е препорака од Европската агенција за лекови.

Одобрението пристигнува само еден ден откако Светската здравствена организација објави предупредување на високо ниво во кое епидемијата на мајмунски сипаници брзо се шири и е прогласена во глобална здравствена вонредна ситуација.

-Достапноста до одобрените вакцини може значително да ја зголеми подготвеноста во борбата против новата болест, изјавил извршниот директор на данската компанија, Пол Чаплин.

Вакцината „имванекс“ е единствената која добила дозвола за превенција на мајмунски сипаници во САД и Канада. Досега во ЕУ беше одобрена само за лекување на големите сипаници.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ