asd
ПочетнаВестиНиколоски: Опозицијата шири хистерија меѓу граѓаните, дното го достигнаа – ДУИ ќе...

Николоски: Опозицијата шири хистерија меѓу граѓаните, дното го достигнаа – ДУИ ќе си одговара за криминалот

Во интервјуто за ТВ Алфа, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски говореше за хистеријата што ја создава опозицијата меѓу граѓаните.

-Сите ќе се согласат дека е огромна работа е што конечно ДУИ ги испративме во опозиција. ДУИ беше на власт во континуитет од 2002 година до 2024 година, со една пауза од 2006 до 2008 година. Тоа што многумина пред нас го ветуваа, ние го реализиравме и ДУИ е во опозиција. Тоа е првата фаза, а втората фаза ќе биде да одговараат тоа што го правеле додека беа на власт, рече Николоски.

-Но она што сакам да го искоментирам е дека ние сме веројатно првата влада во историја на државата, а веројатно и во пошироко во регионот која не доби 100 дена да може да се организира и да може да испорачува проекти. Ние сме два и половина месеци на власт, далеку сме уште од 100 дена, а односот на опозицијата и хистеријата која што ја создава опозицијата и нивни блиски медиуми, невладини организации итн, е како ние да сме десетта година на власт, што мислам дека е лошо за нив затоа што создава контра ефект кај народот, посочи тој.

Николоски вели дека изборите беа на 8 мај оваа година, не беа пред десет години и луѓето многу добро знаат зошто гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и многу добро знаат зошто го подржаа ВМРО-ДПМНЕ.

-И кога истите ја распродаваа државава на Бугарија и прифатија француски предлог со кој што се понижи Македонија, сега раскажуваат приказни за патриотизам и изгледаат смешни во очите на народот и тие истите што ја искрадоа државата сега зборуваат за криминал и корупција. Единствено покажаа само колку ситни луѓе се и ситни души и не ни дадоа 100 дена за да можеме да покажеме кој сме и што сме. Од прв ден бевме критикувани како изборите нула-нула да завршија и ние со сила да направивме влада, а не да имаме двотретинско мнозинство што е најголемо мнозинство што која било власт го имало во Македонија, истакна Николоски.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ