Три лица од Скопје биле приведени, откако претходно претепале скопјанец кој со тешки телесни повреди завршил на Клиника.
Според пријавеното синоќа во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Скупи“ С.Т.(43) од Скопје бил физички нападнат од неколку непознати лица. С.Т. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
По преземени мерки од полициски службеници во Полициската станица Карпош биле приведени А.К.(40), С.К.(40) и П.К.(22), сите од Скопје.
Се работи на целосно расчистување на случајот.