asd
ПочетнаВестиМакедонијаПроменливо време со пороен дожд, локално невреме со обилни врнежи и ветер

Променливо време со пороен дожд, локално невреме со обилни врнежи и ветер

За денеска метеоролозите најавуваат променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека дневните ќе достигнат максимални 27 степени.Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и појава на град.Под влијание на циклонска активност до крајот на седмицава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m2 за 24 часа). До утре локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ