ПочетнаВестиМакедонијаЛисиче добива ДУП според барањата на граѓаните, шарената коалиција на СДСМ и...

Лисиче добива ДУП според барањата на граѓаните, шарената коалиција на СДСМ и Левица ја манипулира и лаже јавноста

Населбата Лисиче ќе добие нов детален урбанистички план кој ќе биде во согласност со барањата на граѓаните. Општина Аеродром цврсто стои на ставот дека новата верзија на урбанистичкиот план која е во фаза на изработка ќе ги опфати најголемиот дел од забелешките на граѓаните, дадени преку јавната анкета и ќе реши голем дел од проблемите на граѓаните на овој дел од општина Аеродром.

-Протестите со политичка позадина, имаа единствена цел – да ја дефокусираат јавноста од реалните проблеми со кои се соочува државата. Затворањето и блокирањето улици е аматерски обид за политичко поентирање. Граѓаните се сведоци и јавноста памети дека пред неколку години, исти вакви политички протести со шарени бои, тогаш донесоа политичка криза, хаос во градот, а на долг рок истите беа основа за нова влада, која сега е симбол на корупција, криминал, сиромаштија и беззаконието во државата. Шарената боја на вчерашните протести е само потврда и уште еден доказ за коалицијата помеѓу СДСМ и Левица. Коалиција која шири лаги и невистини, создава вештачки кризи и не носи никаков бенефит за граѓаните.Наша обврска е до работиме чесно, одговорно и транспарентно. Општина Аеродром е во редовна и секојдневна комуникација со граѓаните. Не велиме дека нема проблеми, но тие се решаваат и решенијата се бараат преку редовна и нормална комуникација и дискусија. Во оваа насока апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на шарените лаги и дезинформации со кои СДСМ и Левица ја манипулираат јавноста. Општина Аеродром, како и досега во целост стои на располагање за сите граѓани кои на било каков начин сакаат да дадат своја конструктивна сугестија или забелешка во процесот на носење на деталниот урбанистички план.

На крајот дозволете да потсетиме дека на сме сите исти. Тие изминатиот месец го трошеа своето време за деструктивност и на списокот завршени обврски запишуваа само „политички монтирани и шарени протести“, а во истиот тој период Општина Аеродром интензивно работеше да обезбеди паричен надоместок за дечињата од прво одделение, граѓаните од Лисиче да плаќаат за 50% помали комуналии при изградба на куќи, учениците да добијат бесплатни таблети, жителите на „Островска“ да добијат нов спортски центар, оние кои живеат во Реонски центар и Стар Аеродром да добијат нов паркови, дечињата да добијат нови игралишта во училиштето “Љубен Лапе“ и во близина на училиштето „Ѓорѓија Пулевски“, лисичани да добијат нови улици и уште низа тековни, започнати и реализирани проекти во изминатиот месец, велат од општина Аеродром.

 

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ