asd
ПочетнаВестиПронајдено оружје при претрес во кичевското село Црвинци

Пронајдено оружје при претрес во кичевското село Црвинци

Со судска наредба, вчера, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициското одделение Осломеј извршиле претрес во домовите на И.Џ.(30) и Р.Ч.(22), двајцата од кичевското село Црвинци.

При претресот, во куќата на И.Џ. биле пронајдени и одземени пиштол „Екол Фират Компакт“ и рамка за пиштолот.

Додека, при претрес во домот на Р.Ч. бил пронајден и одземен ловечки карабин.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ