После многу време, во поновата историја на елитниот фудбал во Европа, Кристијано Роналдо и Лионел Меси не се дел од големото финале во Лигата на шампионите.
Аргентинецот и Барселона, како и Португалецот и Јувентус не изборија пласман во битката за тронот. Вечерва во Лисабон, ПСЖ и Баерн Минхен ќе се судрат во големото финале.
Поради Ковид-19, не е дозволена публика на трибините, што значи дека Роналдо и Меси како и останатите познати светски фудбалски ѕвезди, исто како и ние, финалето ќе го гледаме на ТВ.