Сања Здјелар е 18 – годишна девојка, ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски-ЛУЈ“. Нејзиното училиште веќе ви посочи дека таа е навлезена во музичките води, а веќе 12 години свири виолина.
„Никогаш не помислував дека еден ден ќе свирам на виолина, но ете на мои 7 години го открив мојот талент.“ – ни откри SiZi (СиЗи), прекар по кој многумина ја препознаваат.
Нејзин идол е американската виолинистка Lindsey Stirling, а освен виолина Сања свири и на пијано.
„Мојата креативност сум одлучена да ја изразувам преку виолината.“
Таа на својот Инстаграм профил (@sizi_official) и Јутјуб канал постојано споделува кавери на песни, кои во одреден момент се навистина актуелни. Вели дека нема некој омилен, бидејќи во сите има вложено многу труд и време, но затоа пак ни откри колку е тешко да се замени гласот со звукот на виолината.
„Секој почеток е тежок, па така и мене ми беше навистина тешко кога го започнав сето ова, но како што одминуваше времето се повеќе ми стануваше интересно да снимам кавери и гласот на артистите да го заменувам всушност со звукот на виолината.“