Во вчерашниот поткаст „На кавга со Иван“, членот на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, покрај истакнувањето на позитивните промени спроведени од актуелната влада и големиот број реализирани проекти вклучувајќи ги растот на платите во образованието, покачувањето на пензиите, поддршката за стимулација на општините и така натаму, се осврна и на моменталната опозиција.
Според него ова се само бледи обиди на ДУИ и Али Ахмети кој не може сеуште да се навикне на опозиција. Истовремно истакнува дека во текот на нивните 20 години поминати на власт, не само што ја парчосаа државата, туку ги понижија и сите граѓани, а сега се обидуваат да се прикажат како нивни легитимни претставници.
„Факт е дека се опозиција. Нека се реформираат, нека се трансформираат, нека се прочистат од криминалците, а во ова ќе им помогне и државата и постепено нека се прилагодат на тоа како е да се биде во опозиција“, прецизен е Ковачки.
Тој јасно потенцира дека легитимитетот на моменталната влада е неспорен и истиотот доаѓа од граѓаните, додека ДУИ потребно е конечно да сфати и да се помири дека токму тој легитимитет го изгубија на изборите и сега е залудно да се трудат по секоја цена да го повратат.
„Исто така, многу е важно дали и СДС се подготвени да седнат со нас на заедничка маса. Понудивме една општоприфатлива платформа и визија, нудиме една подадена рака, за сите кои што ќе застанат зад оваа наша идеја“, вели Ковачки во текот на своето натамошно излагање, зборувајќи и за СДС како моментален политички опонент.
Ковачки цени дека опозиционите партии мора да имаат во предвид затоа што со нив се гради општествен консензус кој ќе биде во интерес на сите граѓани. Во овој контекст тој ја истакнува важноста на постигнувањето усогласеност дома, во сопствената држава, за понатаму да се настапува со преговори за влез во ЕУ, а при тоа да бидат заштитени идентитетските прашања.
„Владата предводена од СДС и тогашниот премиер, очигледно имала некоја друга цел, за жал целта не им била Македонија да напредува, напротив тие целеа да создадат што е можно повеќе проблеми на патот. Затоа ги повикуваме да застанат зад оваа наша идеја која го отвара патот на Македонија. Истовремено не гледам зошто би ја одбиле, освен од нивна лична себична причина, само да докажат дека тоа што тие некогаш го нуделе било последното. Еве сега ние покажуваме ентузијазам и дека може поинаку“, заклучува Ковачки.