asd
ПочетнаВестиМакедонијаСЕ ПОЛНИ БУЏЕТОТ ОД КАЗНИ: Вчера санкционирани 916 возачи, МВР најавува засилени...

СЕ ПОЛНИ БУЏЕТОТ ОД КАЗНИ: Вчера санкционирани 916 возачи, МВР најавува засилени контроли

Во текот на вчерашниот ден (18.04.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 916 возила, информира МВР.

Од нив, 107 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од Министерството.

ИЗВОРКурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ