фото : илустрација
На 09.08.2022 во 04.14 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, настанал пожар во патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Н.(56) од Скопје, а од пожарот било зафатено и патничко возило „ауди“.
Повредени лица нема.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.