ПочетнаВестиСиндикатот на Полиција бара поголеми плати за полициските службеници

Синдикатот на Полиција бара поголеми плати за полициските службеници

Синдикатот на Полиција во Македонија бара од Владата и од Собранието во најбрз можен рок да се преиспита нивното барање за покачување на платите на полициските службеници.

– Секој вработен во полицијата со нетрпение ја очекуваше веста за буџетот за 2021 година. Овојпат секој се надеваше дека конечно Владата се сети за вработените во полицијата. Посебно знаејќи го фактот како секојдневно полицијата се справува со предизвиците од кризата на терен. Но за жал не е така, се наведува во денешното соопштение од Синдикатот на Полицијата во Македонија.

Презентацијата од страна на премиерот Зоран Заев на Буџетот за 2021 година, констатираат од Синдикатот на Полицијата на Македонија, е невреднување на трудот на вработените во Полицијата.

– Зошто во Буџет над 4 милијарди евра да нема пари за плати во Полицијата? Со оглед на тоа сметаме дека ваквата одлука на Владата е страмна. Се сеќавате до пред извесно време пред неколку години токму од министерот Спасовски беше измислена паролата „Задоволна полиција – безбедни граѓани“. Да се запрашаме а и запрашајте се Вие господа од Владата сега дали после оваа срамна одлука ќе имаме задоволна полциија, стои во соопштението од Синдикатот.

Сметаат дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените, како што се посочува во соопштението, нула денари кои ги предлага Владата за покачување на платите.

– Барем да предвидевте исто колку и здравствените работници, Можеби се малку но сигурно ќе оставеа трага за задоволство во овие тешки и макотрпни времиња како една награда за секојдневниот ризик кој го преземаат работниците во Министерството за внатрешни работи, се подвлекува во соопштението.

ИЗВОРКурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ