asd
ПочетнаВестиСончево време со мала до умерена облачност и температура до 34 степени

Сончево време со мала до умерена облачност и температура до 34 степени

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 19, а максималните ќе достигнат од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се спуштат до 17, а максималните ќе достигнат до 34 степени.

В петок и сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а од недела во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд со грмежи.

ИЗВОРkurir.mk

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ