asd
ПочетнаВестиТошковски: Oтказ за околу 15 високи полициски функционери за незаконско доделување дозволи...

Тошковски: Oтказ за околу 15 високи полициски функционери за незаконско доделување дозволи за оружје

Комисијата за ревизија на постапките за издавање на дозволи за поседување оружје констатираше дека повеќе од 5 000 предмети не се сработени, а исто така и добар број предмети се сработени спротивно на законските одредби, поради што Одделот за внтарешна контрола по темелна истрага достави до Одделот за дисциплински постапки предлог за спроведување на дисциплински постапки – отказ за околу 15-тина лица коишто биле високи полициски функционери од претходната власт, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски, во гостувањето во дневникот на Сител, посочи дека во изминатиот период им било давано оружје на луѓе коишто законски немале право да поседуваат оружје, а притоа луѓе кооишто остварувале права не им било овозможувано да се заврши постапката. Тој, исто така, најави и дигитализација на овој тип на услуги.

-По насока на јавен обвинител, за сите оние за коишто ќе се утврди дека постојат елементи за сторено кривично дело, во наредниот период, дали утре, дали од понеделник, ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава… Тие заслужиле отказ, си добиле отказ во рамки на дисциплинска постапка. Согласно напатствијата на јавниот обивнител ќе следи и соодвента кривична постапка за оние за коишто постојат, изјави Тошковски.

Тошковски, исто така, најави дека се размислува за носење нов закон што треба да ги регулира сите права за поседување оружје, што ќе биде усогласен со правата на граѓаните на ЕУ.

-Мораме да имаме темелна анализа, мораме да работиме посветено во интерес на граѓаните, мора да наоѓаме системски решенија, изјави Тошковски.

Прашан дали има информации за некакво загрозување на безбедноста на државата, Тошковски, нагласи дека Министерството за внатрешни работи и сите други останати институции кои што се занимаваат со прашања поврзани со безбедноста се спремни да одговорат на сите предизвици кои што евентуално би ги имало во иднина.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ