ПочетнаВестиТРАГЕДИЈА: Младо лице пронајдено мртво, познат неговиот идентитет

ТРАГЕДИЈА: Младо лице пронајдено мртво, познат неговиот идентитет

На 05.08.2022 во 01:40 часот на самата крстосница помеѓу с.Радуша и с.Свиларе, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај во патничко возило „рено меган“ со пробни регистарски таблички пронашле лице без знаци на живот, со повреда од огнено оружје.

По преземени мерки било утврдено дека станува збор за А.А.(39) од с.Никуштак, општина Липково.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ