ПочетнаВестиБалканТрет ден од потрагата по исчезнатата Данка, проверка на базните станици и...

Трет ден од потрагата по исчезнатата Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите

Според медиумите видео камерите во Бањско поле ја забележале мајката со малолетната Данка Илиќ како се движи во правец на својот дом, но и возило плаво Пунто на иста локација како со голема брзина се движи неколку минути после исчезнувањето на девојчето, но полицијата не се огласи за ова сознание.

Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље кај Бор продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да се потврди со кого контактирале во периодот кога девојчето исчезнало, јави дописникот на МИА од Белград.

Продолжувањето на потрагата ќе се врши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не се наоѓа на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.

Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.

Од МВР соопштија дека во текот на ноќта се појавила информација дека е пронајдена Данка Илиќ, која се покажала како неточна.

Според медиумите видео камерите во Бањско поле ја забележале мајката со малолетната Данка Илиќ како се движи во правец на својот дом, но и возило плаво Пунто на иста локација како со голема брзина се движи неколку минути после исчезнувањето на девојчето, но полицијата не се огласи за ова сознание.

Под сомнение се сите кои биле во непосредна близина на Данка Илиќ, што, како што се наведува, не значи дека се сметаат за виновни.

Во потрагата по двегодишното девојче, чие исчезнување беше пријавено во вторникот, учествуваа повеќе од 500 припадници на МВР, жандармеријата, полицијата од општа надлежност, Управата за криминалистичка полиција, Техничката управа, хеликоптерската единица, Одделот за вонредни ситуации, Управата за сообраќајна полиција, полициската управа во Бор, како и Горската спасувачка служба и членови на доброволната противпожарна единица.

Данка Илиќ исчезна во понеделникот околу 13 часот и 45 минути, а во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна, а косата и била врзана во опавче.

Системот „Пронајди ме“ за прв пат е активиран во Србија во понеделникот, а како што е наведено на веб-страницата pronadjime.mup.gov.rs, девојчето има кафена коса и висока е околу 85 сантиметри.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ