Кумановското обвинителство поведе постапка против 23-годишен кумановец кој се сомничи за производство и продажба на марихуана, соопшти денеска Јавното. обвинителство
Основното јавно обвинителство – Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен кумановец поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– Осомничениот од јануари до август 2020 година, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, спакувана во најлонски пакувања. При три одделни настани, при претрес, кај осомничениот, како и во неговото возило, биле пронајдени различен број пакувања со марихуана, сите во вкупна нето маса од 15,77 грама, се вели во соопштението на ЈОРСМ.
Обвинителството до Основен суд Куманово поднесе предлог за на осомничениот да му биде изречена мерка притвор, а во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка. По предлогот на обвинителството, судот донесе решение со кое на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена.