Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш, тој е експонент на СДС и ДУИ во судството, кој го руши системот од внатре, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Пајазити не ги задоволува етичките и законски основи да остане да биде судија. Тој наместо затворски притвор, му додели куќен притвор на Блерим Рамадани, и со тоа му отвори пат да избега.
Пајазити знаел дека Рамадани согласно неговото минато и искуство може да се впушти во бегство, но и покрај тоа свесно го ставил во куќен притвор.
Очигледна е намерата на Пајазити да му даде можност на Блерим Рамадани да избега.
Пајазити мора да одговора, а за почеток тој треба да биде разрешен од судската функција, стои во соопштението на партијата.