Во недела со почеток во 08.30 часот, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, ќе се одржи спортска манифестација – „Виз Ер Скопски маратон 2020“, со следната траса на трчање: се стартува од платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ по ул.„Бледски договор“, десно по бул.„Илинден“, лево по ул.„Љубљанска“, па право по ул.„Московска“, десно по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, потоа право по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„11 Октомври“, па лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, па десно по бул.„Јане Сандански“ до крајот, пред крстосницата со бул.„Србија“ се врти полукружно назад (на истата коловозна лента). Трасата на трката продолжува по бул.„Јане Сандански“, лево по ул.„Фрањо Клуз“, па десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, потоа десно по ул.„11 Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, па десно по бул.„Св.Климент Охридски“, лево по бул.„Илинден“ до целта – платото пред Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје (2 круга).
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на наведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.