Младинскиот гудачки квартет СЕТЕМА ќе одржи три концерти на школка во Градскиот парк во Скопје во петок, втори јули. Концертите се со почеток од 18.30, 20.30, и од 22.30 часот.
Концертите се со наслов Танго во 4 и младите музичари ќе ги изведадат најпопуларните композиции од жанрот на танго музиката како Libertango, Por una Cabesa , La Cumpasita . Концертот е во знакот на одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на најпознатиот композитор на новотото танго Астор Пјацола.
Во гудачкиот квартет СЕТЕМА учествуваат Сања Здјелар-виолина, Емилија Грковска-виолина, Теохар Хаџи-Стојанов-виола и Јована Каџибанова -виолончело . Ментор на квартетот е виолинистката Пламенка Трајковска.
Гудачкиот квартет СЕТЕМА е формиран во 2020 година и досега има реализирано проект Бах во метро – проект по повод одбележувањето на роденденот на Ј.С.Бах. Со оглед дека беше реализиран во пандемијата концертот беше стримуван онлајн и сниман во една од скопските гаражи.
Концертот „Танго во 4“ беше подготвуван во Дојран и беше претставен пред дојранската публика на 30. јуни.
Проектот се реализира со помош на Град Скопје.