asd
ПочетнаВестиВо Радовиш уапсен крадец, делувал и во струмичко

Во Радовиш уапсен крадец, делувал и во струмичко

На 19.05.2025 во Полициската станица Радовиш е извршен службен разговор со А.А.(21) од село Злеово, радовишко, кој претходно беше приведен поради учество во физичка пресметка со уште три лица во село Злеово. Во разговорот тој признал дека во периодот од јануари до мај 2025 година на подрачје на Радовиш извршил една „тешка кражба“ и едно „одземање на моторно возило“, а извршил и две кривични дела „одземање на моторно возило“ на подрачје на Струмица. Од него се одземени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела, запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ