asd
ПочетнаМагазинЗдравјеЗа што може да се применува прополисот

За што може да се применува прополисот

Ако за време на ведар летен ден се открие пчелина кошница, може да се види темнозелена смолеста материја со која се залепени платно-покривачите на горните греди на саќните рамки. Тоа е пчелниот лепак-прополис.

Инаку зборот прополис доаѓа од грчките зборови про, што значи пред и полис, што значи град. Тој назив доаѓа од тоа што пчелите со прополисот го стеснуваат влезот во пчелиниот град за сите несакани гости.

Со прополисот пчелите ги заѕидуваат пукнатините во кошницата, ги прицврстуваат гредите на рамките на жлебовите на својот восочен дворец, ги полираат ќелиите на саќето кои служат како складишта за мед и поленов прав, како и колевка за ларви. Со прополисот пчелите го обложуваат усмртените животинки кои продреле во кошницата (гуштери, змии и глувци) и на тој начин го спречуваат распаѓањето и трулењето на лешевите, па со тоа го спасуваат многубројното пчелино население во кошницата од непријатната реа и бактериската флора.

Прополисот може да се применува:

При лечење на рани, при што манифестира добри терапевтски дејства.
Како средство за отстранување на набиени места на кожата (жуљеви).
Во народната медицина се претпоставува дека има противтуберкулозни својства.
Прополисовата маст во комбинација со вазелин, сончогледова маст и буникова маст успешно се применува при лечење на животни заболени од некробиоза (изумирање на клетките). Прополисовата маст спаѓа во слаби надразнувачи и допринесува за создавање на нормална исхрана.
Етеричното масло на прополисот (0,25% раствор) предизвикува потполна анестезија во тек на 12,5 минути.
Прополисот има својства против чешање на кожата.
Прополисот дава терапевтски резултати при кожни болести како што се псоријаза и радиодерматит (кај лекарите-радиолози).
Добри резултати се добиваат при примена на висококвалитетен прополис во вид на инхалација кај заболувања на горните дишни патишта и белите дробови – хронична кивавица, воспаление на душникот, бронхитис, неспецифични пневмонии, бронхијални астми.
Прополисот има извесно забавувачко дејство на развојот на цревната кока и други микроби, но не делува на стафилокока.
Во концентрација 1:10 прополисот го задржувал ‘ртењето на канабисот.
Маст од прополис нанесена на кожа кај болни пред озрачување во најголем број на случаи го спречува појавувањето на специфични реакции на покожицата.
Кај парадентоза и кариес добар ефект дава примената на прополисот во вид на испирање.
Прополисот се применува при хронични гнојни воспалувања на увото.
При рани кои тешко зараснуваат.
При опаѓање на косата.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ