asd
ПочетнаВестиИЈЗ: Здравствените работници во десетпати поголем ризик од заболување со грип во...

ИЈЗ: Здравствените работници во десетпати поголем ризик од заболување со грип во споредба со општата популација

Здравствените работници имаат десетпати поголем ризик од заболување со грип во споредба со општата популација, поради природата на својата работа. Здравствениот работник може да заболи од грип од своите пациенти или колеги. Постојат студии кои покажуваат дека за време на епидемија, во здравствена установа повеќе од половината здравствени работници кои се грижат за пациентите со грип, и самите се инфицирани од вирусот, истакнуваат утрово од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

-Грипот е сериозна болест, може да предизвика пневмонија, бронхит или да ги влоши хроничните здравствени состојби. Вакцинацијата против грип, секоја година, е најдобар начин да се заштитиш себеси од ова заболување, подвлекуваат од ИЈЗ.

Постојат студии што покажуваат дека здравствените работници можат да го пренесат грипот на своите пациенти, особено ако се осетливи да развијат компликации.

-Грипот е опасен за мали деца, возрасни и лица со ослабен имунитет или други хронични заболувања. Како резултат на пренос на грип од здравствен работник, некои пациенти може да развијат компликации опасни по животот, како што се документираните случаи на смрт од грип во неонатални центри за интензивна нега и на онколошки педијатриски одделенија, се додава во соопштението.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ