Земјотрес со епицентар во подрачјето на Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда 2.2, е регистриран вчера во 18.35 часот, соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Демир Капија и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.