ПочетнаМагазинЗдравјеЗошто треба да јадете брокула?

Зошто треба да јадете брокула?

Брокулата е зелен зеленчук и ретко е застапен во нашата македонска кујна, а преставува права ризница на корисни нутиритенти, кои се многу значајни за одржувањето на здравјето на човекот. Таа содржи големи количества на витамини А, Ц и Е, минерали: калциум, магнезиум, железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки. Брокулата е јак антиоксиданс, кој го штити организмот од штетното дејство на слободните радикали. Таа го детоксицира организмот.

Детоксикацијата е процес на чистење на организмот од отрови (токсини), кои го намалуваат имунитетот и ја зголемуваат веројатноста од заболување. Според тоа, брокулата е одличен природен лек кој го зајакнува имунитетот. Со зајакнувањето на имунолошкиот систем во организмот, тој успешно се бори против инфекциите и другите штетни влијанија врз организмот. Брокулата го превенира настанување на многу заболувања, влучувајќи ги и малигните болести. Таа го одржува организмот во одлична психичко – физичка кондиција.

Брокулата може да биде корисна состојка за жените за време на менопаузата, бидејќи витаминот К, калциум, магнезиум, цинк и фосфор, имаат корисен ефект врз коските и се добра превенција против остеопорозата.

Брокулата помага при одржување на железо во организмот, со што се спречува анемија.

Се препорачува и за луѓе со поголема тежина, луѓе со висок крвен притисок, холестерол и дијабетичари, а може да ја консумирате секој ден во најразлични комбинации од храна.

Брокулата содржи голем број фитохемикалии кои имаат антиоксидантни својства. Познато е дека може да биде добра превенција од карцином, особено на дебелото црево, дојка и белите дробови.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ