asd
ПочетнаВестиВо пензија пет години порано?

Во пензија пет години порано?

Можност за предвремено пензионирање до максимум пет години пред остварување на правото на пензија, ама со намален износ, планира да овозможи Владата во следниот мандат. Мерката стои во владината програма за работа од 2020 до 2024 година, но поради тоа што не се наведени рокови, не е прецизирано кога ќе бидат донесени овие законски измени.

Владата се обврзува да обезбеди нова повисока минимална пензија која ќе изнесува најмалку 10.700 денари за сите. Се најавува и можност за докуп на стаж за да се добие пензија.

Обезбедување грижа од заедницата кон возрасните преку воспоставување локални услуги за грижа и нега. Ќе овозможиме флексибилен пензиски систем со воведување можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години пред остварувањето на правото на пензија, со пропорционално намален износ на редовната пензија, стои во програмата

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ