Дополнителната заменичка министерка за финансии Елена Петрова, обвинува дека Владата на СДСМ и ДУИ ПРОДОЛЖУВА со прекумерното трошење и задолжување во периодот пред одржување на двојните избори
БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ заклучно со 3 Април 2024 година изнесува 21,967 милиони денари, што претставува:
•
ДВЕ ТРЕТИНИ од планираниот буџетски дефицит ЗА ЦЕЛА 2024 година
•
ПОВЕЌЕ ОД ШЕСТ ПАТИ ПОГОЛЕМ буџетски дефицит во однос на истиот период од 2023 година
ПОРАСТОТ НА ВКУПНИТЕ РАСХОДИ Е СКОРО ПЕТ ПАТИ ПОГОЛЕМ од порастот на вкупните приходи, односно во однос на истиот период лани имаме:
•
пораст на вкупните расходи за 23,132 милиони ден. (31,9%)
•
пораст на вкупните приходи за 4,774 милиони ден. (6,9%).
ЗАДОЛЖУВАЊЕТО кај банките и други институции на домашниот пазар со цел за покривање на буџетскиот дефицит во овој период Е ПОГОЛЕМО ЗА 90% во однос на истиот период лани.
Ќе продолжиме да ја информираме јавноста: за што трошеше Владата во овој период, но и како надлежните органи ги собираат приходите во овој период.