Министерот за правда Бојан Маричиќ не знае колку затвори има во Република Македонија, а ниту пак колку лица се лишани од слобода.
Во вечерашната дебата во емисијата Анализа на телевизија 24, претседателот на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ Тони Менкиноски, го праша министерот за правда Бојан Маричиќ дали знае колку затвори има во Македонија.
-Господине Маричиќ знаете ли колку затвори има во Македонија, праша Менкиноски.
На ова Маричиќ одговори само со доволно.
-Доволно за да ги смести сите криминалци, вели Маричиќ.
При што Менкиноски побара од Маричиќ јавно да одговори колку затвори има во Македонија, но Маричиќ се бранеше дека тоа е работа на Управата за извршување на санкции.
-Имате министер за правда кој не знае колку затвори има, а тоа е во делокругот на неговата работа. А знаете колку лица лишани од слобода има, дали знаете, го праша Менкиноски.
-Тоа е работа на Управата за извршување на санкции, се бранеше Маричиќ.
-Како да разговараме за сериозни работи кога министерот не знае колку затвори има, порача Менкиноски