asd
ПочетнаВестиМицкоски ја предводи делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ во официјална посета на Брисел

Мицкоски ја предводи делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ во официјална посета на Брисел

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а во состав на потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски денес и утре (26 и 27 јуни) престојува во официјална посета на Брисел, при што ќе оствари средби со голем број високи претставници на ЕУ и ЕПП.

Денес попладне предвиден е состанок и со Симон Морду, главен советник за надворешни работи на Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.Оваа вечер со почеток од 20 часот, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари работна вечера со европратеникот од ЕПП Кристијан Сагарц, известувач во сенка за Македонија во Европскиот парламент.

Во вторник делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има работен доручек со Ангелина Еикхорст, директор за Европа во службата за надворешни работи на ЕУ, а потоа е предвидена средба со Патрик Волер, директор за меѓународни односи на ЕПП со почеток од 09 часот.Делегацијата предводена од претседателот Мицкоски ќе оствари средба и со Манфред Вебер, претседател на ЕПП и претседател на парламентарната група на ЕПП во Европскиот парламент.

Во Европскиот парламент делегацијата ќе има средби и со потпретседателот на Европскиот парламент Рајнер Виланд. Ќе имаат средба со Дејвид Мекалистер, потпретседател на ЕПП и претседател на комисијата за надворешна политика на европскиот парламент (АФЕТ).За на крај да завршат со средба со Марион Валсман, потпретседателка на Заедничкиот парламентарен комитет на Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ