asd
ПочетнаВестиФилипче: Барањата за зголемување на платите доаѓаат од работниците

Филипче: Барањата за зголемување на платите доаѓаат од работниците

Барањата за зголемување на платите потекнуваат од работниците и премиерот Христијан Мицкоски тоа мора добро да го знае. Ова е одговорот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на новинарско прашање за обвинувањата од страна на премиерот Христијан Мицкоски дека Синдикатите се синхронизирани со СДСМ во барањата за повисоки плати.

Според Филипче, покрај тоа што премиерот мора да знае дека на работниците им следуваат повисоки плати, негова обврска е тоа зголемување добро да го испланира.

„Премиерот мора добро да испланира во буџетот како ќе продолжи да ги зголемува платите на работниците не да се обидува да продолжува со политиката од едно минато време, од минатото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога Северна Македонија беше рај на евтина работна сила“, истакна Филипче од Струмица.

Претседателот на СДСМ потсети дека во времето на СДСМ и покрај кризите во кои функционирала државата – ковид, економска и енергетска криза секогаш имало пари за работниците. Филипче постави една хипотетичка ситуација – што би се случило доколку сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ се соочи со криза?

„Можете да замислите што ќе се случи ако такви кризи и се случуваа сега на оваа влада? Таа не може да се снајде во овие услови кога нема некаква криза што да мислиме ако повторно настане некаква криза. Што ќе биде со државата ако ВМРО-ДПМНЕ ја води владата и државата во време на некаква криза. Веројатно некаков game over, крај на играта“, вели Филипче.

Тој потенцира дека граѓаните и работниците знаат дека тие се природен партнер на Социјалдемократскиот сојуз и дека и во најтешките времиња СДСМ секогаш се грижи за работниците и за подобрување на нивниот стандард и услови за живот.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ