„Славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите претци и столб на нивната православна вера и самобитност, особено за жителите на овие краишта, и денес со истата ревност продолжува да сведочи за евангелската Вистина и да ја јакне верата меѓу народот“, стои во поканата од Бигорската обител по повод 1.000 годишнината од насилната смрт на славениот патрон и небесен крстител Господов Јован.
Утре, на денот на патронот, во 7:00 часот почнува утрената богослужба, во 8:45 часот е пречекот на надлежниот митрополит дебарско-кичевски, неговото високопреосвештенство, г. Тимотеј и на митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Светата архиерејска Златоустова литургија почнува во 9:00 часот.
Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин и годинава го одблежува големот јубилеј 1000 годи од основањето.