asd
ПочетнаВестиЕден од повредените се враќа од Бугарија: Во странство се хоспитализирани 55...

Еден од повредените се враќа од Бугарија: Во странство се хоспитализирани 55 лица, во Македонија се лекуваат 10

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија.

Во странство, во моментот се хоспитализирани 55 пациенти.

Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Во болниците во Македонија во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“, по еден пациент на Клиника за токсикологија, на Клиника за детска хирургија, на Клиника за пулмологија и во ГОБ 8 Септември, како и двајца пациенти во приватната болница Систина.

Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ