ПочетнаВестиМакедонијаФилипче: По затворање на угостителските објекти, сите млади се надвор – затоа...

Филипче: По затворање на угостителските објекти, сите млади се надвор – затоа треба полициски час

Говорејќи за новата мерка односно воведувањето на полицискиот час, министерот за здравство Венко Филипче објасни дека многу полесно се контролиаат мерките во угостителските објекти каде се јасно препорачани протоколите, отколку после 21 часот кога се забележува неконтролирано групирање на млади.

-Што се случува по затворањето на угостителските објекти, сите млади се надвор. Младите се сериозен вектор во преносот на вирусот на болеста и тоа се гледа од епидемиолошките анкети. Многу луѓе се зарзени дома од младите коишто голем дел од нив се и асимптоматски носители и затоа после завршувањето на работата на угостителските објекти се спречува нивното групирање по парковите и секаде каде што маски практично и да не се носат. Сметаме дека полицискиот час ќе има импакт на намалување на бројот на новодијагностицирани, изјави министерот.

ИЗВОРКурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ