ПочетнаСпортРакометФилип Миркуловски: Младите ракометари се тие кои треба да преземаат во наредните...

Филип Миркуловски: Младите ракометари се тие кои треба да преземаат во наредните години

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Миркуловски почувствува како е да се биде во дресот со државниот грб по неколку години и заклучи дека не погрешил што се вратил.

„Одамна не сум победил селекција од најдобрите три во светот и посебно ми е драго. Сите се надевавме на чудо, одигравме максимално зрели и тактички спремно. Сите беа со обврски каде треба да чуваат и каде да напаѓаат, така да само треба да продолжиме во овој ритам и да бележиме нови победи. Помладите ни помагаа во минатото, сега ние сме тука да им помогнеме. Тие се тие кои треба да преземат во наредните години и да ја имаат лидерската улога. Мислам тука на Талески, Велковски и Кузмановски како бековска тројка. Одиграа зрело, почнаа и отворија супер, ние им помогнавме и беше одлични. Можеби Данска нè потцени, но ние изгледавме перфектно. Во одбрана ги затворивме сите нивни акции и игри „еден на еден“. Потоа на противникот му беше тешко да се врати, ние ја презедовме играта и го диктиравме темпото во текот на целиот натпревар. 

 

ИЗВОРКурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ