asd
ПочетнаВестиВМРО-ДПМНЕ: Филипче во анкетниот лист ја сокрил фирмата која е на иста...

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во анкетниот лист ја сокрил фирмата која е на иста адреса со фирми на семејството Заеви во Петрич, денес следат одговори што се крие зад оваа шема

Претседателската функција на Венко Филипче како да беше загарантирана во СДС од страна на Зоран Заев. Сознанија дека има поврзаност на бизнисите на Заев со Филипче, поточно на мрежата бизниси во бугарски Петрич, Струмица и Скопје, потоа сомнителните милионски бизниси и дека истите ги започнале додека двајцата беа на функции, веќе беа објавени во јавноста. Но, јавноста остана покуса за одговори, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително Филипче откако стана пратеник не даде целосни информации во анкетниот лист доставен до Антикорупциска, поточно не ја пријавил фирмата за недвижнсти во Бугарија.

Филипче сокрил од јавноста дека откако завршил со министерсктата функција одлучил да влезе во приватен бизнис со недвижности. Во ноември 2022 година регистрирал фирма за недвижности во Петрич, Бугарија на улица Гоце Делчев 12. Фирмата за недвижности се вика Power i8 Ltd, а како единствен сопственик, воедно и управител на фирмата со дејности купување, изградба и продажба на недвижнини е Филипче, потоа се додаваат и други дејности.

На истата адреса се водат и фирми на роднините на Заев, братот и братучедите Вице, Трајче и Бобан Заеви.

Непријавувањето на фирмата во анкетниот лист која се води на иста адреса со низа на други фирми на Заеви отвора сомнеж за дејствувањето на Филипче. Се отвораат прашања како зошто не ја пријавил фирмата, што крие Филипче, дали е дел од шема на фирми кои правеле милиони?

Одговори на овие и други прашања следат на денешната прес-конференција, стои во соопштението на партијата.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ