asd
ПочетнаВестиГаздите на летните дискотеки во среда излегуваат на протест

Газдите на летните дискотеки во среда излегуваат на протест

Пројде пола лето, а летните дискотеки во Градски парк се уште се без лиценци за работа, иако ги платиле и досега Министерството за економија им ги издавало врз основа на истата документација која ја приложувале кон барањето. Поради тоа, газдите на дискотеките в среда од 20 часот ќе протестираат пред Влада со мото „Сакаме ноќен живот во Скопје“.

Од Министерството за економија објаснуваат за да ги издадат лиценците треба МВР да даде позитивно мислење, а оттаму нагласуваат пак, истакнуваат дека барањата на клубовите во Градскиот парк е правно неиздржани, бидејќи немаат сообраќаен проект и имотен лист.

Граѓаните со години реагираа на бучавата и гласната музика која секоја вечер ечи од паркот. Минатиот месец граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, во врска со доделувањето на лиценци за дискотеки во Градскиот парк, предложи сите дискотеки на отворено со лиценца да се задолжат да поднесат и проект за поставување озвучување со кое звукот ќе биде единствено насочен кон подиумот.

– Светската пракса има многу вакви успешни решенија каде значајно се намалува ширењето на звукот кон околината, а квалитетот на звукот на подиумот се подобрува. Истовремено, сакаме да потенцираме дека дискотеките се граничат со Зоолошката градина и сериозно сме загрижени, за загрозување на животот и на животните кои се дел од ЗОО Скопје. Животните со години ја трпат тортурата со прегласна музика во ноќните часови кога биолошки тие треба да спијат. Загадување со звукот е најголем проблем и го загрозува здравјето на луѓето и на животните подеднакво. Се чини дека никој не размислува за овој вид загадување на градот – соопштија тогаш од „Шанса за Центар“.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ