ПочетнаВестиМакедонијаПописот би можел да предизвика нов „нуклеарен бран“ на коронавирус во Македонија,...

Пописот би можел да предизвика нов „нуклеарен бран“ на коронавирус во Македонија, услови за одржување на истиот нема!

Состојбата со пандемијата на корона секојдневно се влошува, во земјава нема вакцини, а не се знае кога ќе започне вакцинацијата на населението, и во моментов во Република Македонија услови за попис на населението нема, при што одложување на истиот на истиот е неизбежно.

Од Државниот завод за статистика (ДЗС) вчера преку соопштение информираа дека дека забрзано се подготвуваат за теренските пописни активности, кои се одвиваат во согласност со планираните рокови и истиот ќе започне од 1-ви април.

-Сите мерки предвидени со Протоколот донесен од страна на Комисијата за заразни болести и Владата на РСМ се почитуваат и со нив се гарантира безбедноста на сите учесници во Пописот. Пописот ќе започне на 1 април 2021 година, се наведува во соопштението на ДЗС.

Ваквите тврдења од страна на ДЗС би биле во ред само доколку епидемиолошката состојба со коронавирусот во Македонија беше поинаква, односно кога бројот на новозаразени би бил низок, а бројот на вакцинирани секојдневно би се зголемувал.

Во една ваква ситуација, кога коронавирусот неконтролирано секојдневно забрзано се шири, и додека во земјата се пристигнати само одреден број на вакцини (наменети за здравствените работници), а вакцинацијата на населението не се знае кога и ќе започне, а особено на попишувачите, евентуалниот таков попис без ниедна вакцина би претставувал нов „нуклеран бран“ и „егзекуција“ на сопствениот народ.

Затоа, без разлика на донесените Протоколи од страна на Комисијата за заразни болести и Владата, пописот треба да биде одложен и тоа на неопределено време, затоа што во Македонија моментално коронавирусот неконтролирано и забрзано се шири, а невакцинираните попишувачи можат да бидат потенцијални пренесувачи во домовите на граѓаните низ земјата.

Во моментов сите земји низ светот ги одложуваат пописите, а кои се далеку подобри со справувањето со пандемијата, надлежните во Македонија „удираат со глава во ѕид“ и без ниту една вакцина ќе тераат попис на населението, а притоа во преден план без да го стават здравјето и животот на граѓаните. И токму од овие причини и додека не се стабилизира состојбата со пандемијата во моментов во Република Македонија услови за попишување на населението нема.

Секој во државата треба да биде свесен какви чекори презема, за евентуалниот ризик и последиците кои што можат да настанат од истиот.

Се додека не се создадат услови и попишувачите кој што ќе ја спроведуваат теренската анкета не бидат вакцинирани, како и дел од населението во Македонија попис не треба да има, односно најпрвин пандемијата со коронавирусот треба да се стави под контрола, граѓаните да се чувствуваат безбедно, па дури тогаш да се покрене темата околу пописот.

Од друга страна директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски вчера изјави дека пописот би се одложил само ако Комисијата за заразни болести процени дека не е безбедно тој да се спроведува.

– Единствените коишто можат да предложат одложување на пописот поради Ковид-от е Комисијата за заразни болести, ако оценат дека ситуацијата е таква да не може да се контролира, треба да дадат препорака до Владата за да се донесе таква одлука, изјави Симовски за телевизија Канал 5.

Од ваквата негова изјава може да се заклучи дека Комисијата за заразни болести можи да побара одложување на пописот во Македонија, и време е оваа комисија која е сочинета од доктори кои што дале Хипократова заклетва дека без разлика на се ќе се грижат за животот и здравјето на луѓето да донесе одлука во интерес и заштита на животите на граѓаните и веднаш да побара одложување на истиот, од причина што од небо се гледа и сите можат да проценат дека епидемиолошката состојба со вирусот не е под никаква контрола и секојдневно истата се влошува.

Имено, сите се свесни дека здравствената состојба во Македонија секојдневно се влошува, а додаз за тоа е и денешното соопштение каде што се вели дека доколку полицискиот нчас не даде резултати, ќе следат нови мерки.

-Здравствените власти очекуваат сегашните рестрикции да дадат резултат иако продолжува трендот на зголемување на бројот на заразени со Ковид-19. Состојбата внимателно се следи и од епидемиолошката состојба ќе зависи дали ќе има нови мерки, велат во денешното соопштение од МЗ.

Комисијата за заразни болести,МЗ, Владата и сите надлежни треба настрана да ги остават на страна личните и партиските интереси и еднаш да донесат правилна одлука која се однесува директно за животот и здравјето на граѓаните, за да на крај не биде после како „бесплатното здравство во ЕУ“, „со промената на името, влез во ЕУ“, „Со влез во НАТО, ќе се зголемат странските инвестиции“ итн…

Состојбата со пандемијата на корона секојдневно се влошува, во земјава нема вакцини, а не се знае кога ќе започне вакцинацијата на населението, и во моментов во Република Македонија услови за попис на населението нема, при што одложување на истиот на истиот е неизбежно.

ИЗВОРКурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ