asd
ПочетнаМагазинХранаЈАБОЛКА ВО ЛИСНАТО ТЕСТО! Вкусно уживање кое се топи во устата

ЈАБОЛКА ВО ЛИСНАТО ТЕСТО! Вкусно уживање кое се топи во устата

Ако сакате јаболка, тогаш од ова овошје, кое се подготвува со лиснато тесто, можете да направите вкусен десерт.

Состојки:

  • 500 гр лиснато тесто
  • 700 гр јаболка
  • 80 гр суво грозје
  • 50 гр ореви
  • 10 гр шеќер
  • 25 мл сок од лимон
  • 10 гр ванилин-шеќер
  • жолчка
  • лажица шеќер

Подготовка:

Расукајте го лиснатото тесто. Во средината на кората ставете рендани јаболка измешани со шеќер, сок од лимон, суво грозје, ореви и ванилин-шеќер.

Краевите од тестото спојте ги преку филот, избодете го тестото со вилушка на неколку места, премачкајте го со жолчка и ставете го во сад кој претходно сте го измиле со ладна вода.

Се пече на температура од 225 степени околу половина час. Пред сервирање посипете со шеќер во прав.

Уживајте!

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ