asd
ПочетнаВестиЈанушев на средба со преставници на УСАИД: Нашето партнерство ќе овозможи силна...

Јанушев на средба со преставници на УСАИД: Нашето партнерство ќе овозможи силна борба против корупцијата

Денеска во кабинетот на Владата, остваривме силно партнерство со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во напорите за унапредување на транспарентноста, отчетноста и борбата против корупцијата, напиша на Фејсбук генералниот секретар на владата, Игор Јанушев.

Преку овој важен проект, познат како „Проект на УСАИД за партнерство против корупција“, заедно работиме на создавање институции кои ќе бидат поодговорни и подостапни за граѓаните. Наша цел е да ја зајакнеме довербата на јавноста во институциите и да поттикнеме одговорно владеење кое се темели на принципите на чесност и ефикасност. Ова партнерство не само што ја подобрува функционалноста на институциите, туку има и поширок општествен импакт преку зголемена ангажираност на граѓанското општество и медиумите, кои играат клучна улога во процесот на мониторинг и одговорност. Со УСАИД споделуваме заедничка визија за силна и транспарентна државна администрација која ќе биде способна ефикасно да се справува со предизвиците на корупцијата и да ги промовира најдобрите практики за добро управување, истакна Јанушев.

ИЗВОРkurir.mk

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ