asd
ПочетнаСпортФудбалЖоан Лапорта избран за претседател на Барселона

Жоан Лапорта избран за претседател на Барселона

И официјално со гудбалскиот клуб Барселона ќе раководи Жоан Лапорта, повратникот на позицијата прв човек на Барселона. кој веќе беше претседател на Барселона во периодот од 2003 до 2010 година, каде го наследи Енрик Реина, а по него дојде Сандро Росел.

Лапорта ужива огромни симпатии меѓу заедницата во Барселона, го водеше клубот со многу успех, а беше на чело кога Барса освои најмногу титули (шест) во една сезона во 2009.

На претседателските избори Лапорта за против кандидати ги имаше Антони Фреикса и Виктор Фонт.

На изборите во Барселона, Лапорта победи со огромна предност пред ривалите, имаше на своја страна 57.61% од гласовите, додека зад него беше Фонт со 31.65%, а Фреикса освои само 9,45%.

Третиот мандат на чело на клубот Жоан Лапорта ќе го започне веднаш, а добива четири години.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ