Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 271 мерки, меѓу кои 38 за возење без возачка дозвола, 32 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за управување возило под дејство на алкохол, 4 санкционирани мотоциклисти, како и 41 мерка за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.