ПочетнаВестиХроникаЌерката на поранешниот министер во Албанија загина во сообраќајна несреќа на патот...

Ќерката на поранешниот министер во Албанија загина во сообраќајна несреќа на патот Тетово – Скопје

Веста ја потврдија и од МВР. Несреќата се случила во реонот на селото Ласкарце, на патот од Тетово кон Скопје.

Ева Таво, ќерка на Ванѓел Таво, поранешен пратеник и поранешен министер за здравство во Албанија, загина во несреќа во Северна Македонија. Веста на социјалните мрежи ја потврди и самиот Таво. Таво вели дека „ова се најтешките зборови што ги напишал во животот“.

„Ова се најтешките зборови што сум ги напишал во животот. Мојата најстара ќерка Ева почина во цутот на младоста, во најубавата возраст, каква што беше и самата. Погребот ќе се изврши во четврток на 30 ноември во 11:00 часот во Јоргукат, Ѓирокастро“, напиша Ванѓел Таво.

Веста ја потврдија и од МВР. Несреќата се случила во реонот на селото Ласкарце, на патот од Тетово кон Скопје.

„На 28.11.2023 година во 14:00 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ во правец од Тетово кон Скопје, во реонот на с.Лласкарце, патничко возило „Ауди“ со Албански регистерски таблички, кој го управувал албанскиот државјанин В.М.(40), излетал од патот. Од здобиените повреди во незгодата на лице место починала сопатничката Е.Т.(24) од Р.Албанија, додека лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт. Во меѓувреме, возачот на В.М е тешко повреден“, соопшти македонското МВР.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ