Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку социјалната мрежа Фејсбук побара оставки во власта поради зголемениот број на новозаразени.
-Денес 364 нови случаи на заболени од Ковид. Што уште треба да се случи за да почнат оставки и промени во политиките на владата? Или ќе ѝ се стави крај на неспособноста на мафијата која убива, или ќе се дозволи целото население да се зарази со Kовид. 775 семејства досега останаа без свој близок, затоа што Владата на Заев сметаше дека блеска, тогаш кога нивната неспособност да се справат со заразата, одземаше животи, напиша Мицкоски на Фејсубк.