Претседателот на движењето „Трета“, Љупчо Палевски попладнево бил претепан пред својот дом и е во болница.
Неофицијално тој бил пресретнат и брутално претепан од засега непозната група сторители.
„Денеска околу 17,15 часот пријавено е дека на улицата „Златко Шнајдер“ во Скопје од страна на две лица кои биле со моторцикл со употреба на метален предмет бил нападнат Љ. П. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.
Палевски, откако беше пуштен на слобода од притворот во Србија, во Македонија, преку својата активност беше критички настроен кон власта и кон работата на поранешниот прв човек на службата за државна безбедност во МВР Сашо Мијалков.
Тој ја објави аферата Атлантик во која масовно се следеле и прислушувале опозициски претставници и активисти кои се бореа против промената на името.