Имав работен појадок со германската стопанска комора во Берлин, се вели во Фејсбук статусот на претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
Зборував за нашите приоритети за инвестиции во патната инфраструктура, изградба на клучните коридори и инвестициите во енергетиката. Германија е нашиот најголем трговски партнер и остануваме посветени да ги искористиме потенцијалите за да го подобриме животот на сите наши граѓани. Мораме да направиме големи чекори напред за да народот почувствува подобрување по долгогодишната девастација на земјата, истакна Мицкоски.
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1144748470340411?ref=embed_post