asd
ПочетнаВестиНајмногу дожд изминатото деноноќие во Крушево, а еве во кои делови од...

Најмногу дожд изминатото деноноќие во Крушево, а еве во кои делови од Македонија е најстудено

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крушево 16 литри на квадратен метар, 14 во Битола и Попова Шапка, 12 во Тополчани, 11 во Прилеп, 10 во Претор, 9 во Пожаране и Маврови Анови, 6 во Охрид, Гевгелија и Дебар, 4 воТетово, Лазарополе, Демир Капија, Велес и Кавадарци, 3 во Скопје-Зајчев Рид, 2 во Скопје-Петровец и само еден литар на квадратен метар во Струмица.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено утрово е на Попова Шапка каде се измерени шест степени, а најтопло во Гевгелија 16 степени.

Во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, претежно во јужните делови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови, наместа поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ