asd
ПочетнаВестиИзминатото деноноќие неколку пожари на отворено во скопско

Изминатото деноноќие неколку пожари на отворено во скопско

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало неколку пожари на отворено на територијата на државата.

– Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) од 13:10 часот до 16:00 часот со пет пожарникари и две противпожарни возила интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки на површина од 1.000 метари квадратени кај местото „Три Круши“ во општина Кисела Вода, од 14:30 до 15:00 часот со три пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалено ѓубре на мала површина покрај ул. „Скупи“ во општина Карпош, од 15:55 до 16:40 часот со четири пожарникари и едно противпожарно возило возило интервенирале на запалено стрниште и бандера на површина од 30 метари квадратени кај село Стајковци во општина Гази Баба и од 17:05 до 17:30 часот, со три пожарникари и едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 300 метари квадратени во населбата „Шуто Оризари“ во општина Шуто Оризари, соопшти утрово ЦУК.

Изминатото деноноќие имало вкупно 1 582 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК. Од нив „реални“ повици биле 55,82 отсто, а 44,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, соопшти Центарот за управување со кризи. Кон Полицијата биле упатени 62,35 отсто, кон Итната медицинска помош 29,15 отсто, a кон пожарникарите 6,88 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Центарот за управување со кризи апелира за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив, како и во речните корита.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ